„Зегин Спектратон ‒ Трка на херои во сите бои“ во 2024 г.
Реализирани
Објавено на
За активноста
Во 2024 година започна реализацијата на хуманитарната трка „Зегин Спектратон ‒ Трка на херои во сите бои“, која има цел да придонесе за градење еднаков и инклузивен свет. Фондацијата „Д-р Верица Мехнаџиска“ и Компанијата „Зегин“ имаат визија своите активности да обезбедат директна поддршка за лицата со нарушување од аутистичен спектар, но и да дадат пример што ќе го следат и другите компании и лица филантропи. Оваа трка обединува лица и компании коишто со своите котизации ја поддржуваат мисијата на Фондацијата „Д-р Верица Маханџиска“ и се придружуваат кон остварување поквалитетен живот за лицата со нарушување од аутистичен спектар.
ГАЛЕРИЈА ОД ТРКАТА
Преку котизациите од учесниците и донациите од други компании во 2024 г., со донација од 65.000 ЕУР го поддржавме Здружението „Во мојот свет“ и се погриживме за реконструкција и опремување на првиот социјален клуб за адолесценти со нарушување од аутистичен спектар. Во социјалниот клуб ќе бидат ангажирани стручни лица како дел од мултидисциплинарен тим составен од детски и адолесцентен психијатар, психолог, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, физиотерапевт и негуватели.
Користиме колачиња за да ви го овозможиме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Доколку продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со неа.