Оваа активност ја спроведовме во рамките на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, спроведен од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”, која имаше цел учениците со попреченост од ООУ „Ѓорче Петров“ да добијат придружен простор што ќе им помогне при остварување на своите образовни цели. Сензорните соби преставуваат простории исполнети со опрема и елементи што им овозможуваат на децата соодветна визуелна, аудитивна и тактилна стимулација и можност да ги ангажираат своите сетила, а во овие простории се работи и на подобрување на концентрацијата, моториката, комуникациските вештини и сл. Тие се користат за индивидуална работа и поддршка на ученици со попреченост и за стимулација или за намалување на нивните сензорни дразби, како и при намалување на предизвикувачкото однесување на учениците, но и за постигнување на планираните цели и надминување на образовните предизвици.
Благодарни сме за оваа заедничка соработка и веруваме дека со заедничко вклучување придонесуваме за создавање позитивни промени и вредности не само за децата со попреченост туку и за заедницата во целост.
За да го видите видеото од настанот, кликнете ТУКА