Компанијата „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ донираа мултифункционални маси за вежбање на рацете наменети за Институтот за физикална медицина и рехабилитација, институција посветена на подобрување на квалитетот на животот кај пациентите на кои им е потребна физичка рехабилитација и услуги за долгорочно закрепнување. Намената на овие маси е да се подобри опсегот на движење на зглобовите на рацете, мускулната сила и издржливост, функцијата на раката и координацијата рака -‒ око, проприоцепцијата на раката може ефикасно да се подобри и може да се промовира интеракцијата помеѓу различните мускулни групи на раката.
Донираната опрема е насочена кон подобрување на удобноста, безбедноста и резултатите од третманот на пациентите. Овој придонес директно ќе им користи на напорите на центарот да го прошири својот капацитет и да обезбеди подобренa грижа за лицата што се подложени на рехабилитација. Опремата има голем опсег на примена, и тоа при невролошка рехабилитација, ортопедска рехабилитација, детска рехабилитација, рехабилитација за лица со попреченост, геријатриска рехабилитација, рехабилитација по спортска медицина, ментална рехабилитација итн. Први што имаа можност да ги користат овие мулти-функционални маси беа дел од лицата што беа повредени во пожарот во Кочани.



