Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и Компанијата „Зегин“ се долгогодишни поддржувачи на СОС „Детското село“, кое обезбедува семеен модел на поддршка за 120 деца и млади без родители и родителска грижа. Во рамите на оваа соработка најмногу насмеани лица видовме на летниот камп во Охрид во 2023 г., каде што штитениците од СОС „Детското село“ уживаа во безгрижни денови исполнети со многу игри, песни и радост. Малите и поголемите членови од ова убаво и големо семејство пред крајот на летото уживаа во десетдневна релаксација покрај вода, подготвени за нов и успешен почеток на новата учебна година.
Ние, како Фондација „Д-р Верица Механџиска“ и Компанија „Зегин“, сме најсреќни кога придонесуваме за создавање убави спомени.



